Пејачот Дарко Лазиќ и неговата избраничка Катарина се венчаа, а по тој повод имаа гала прослава.
Популарниот пејач и неговата партнерка пред неколку месеци приредија интимна граѓанска венчавка, а сега приредија голема веселба за црковната венчавка на над 500 гости.
Катарина блесна во елегантна венчаница која ја следи линијата на телото, со бројни светкави детали, а во косата носеше и сребрени и бели цветни украси.Раскошната венчаница која за овој посебен ден ја избра партнерката на Дарко има долг вез и длабоко деколте. Дарко Лазиќ се одлучи за класичен, елегантен стајлинг, а одбра темна боја – црн костум, бела кошула и црна машна.
Како што објавија медиумите, пејачката за украсување потрошила околу 50.000 евра, а се е во црно-златни нијанси, со многу цвеќиња, а посебен детал во ресторанот е портретот на младоженецот, пишува Глоси.рс
По пристигнувањето, Дарко ги почитувал традиционалните српски обичаи за невестата, вклучувајќи пукање со пушка, како и продавање на невестата.
Фото: Принтскрин/Антонио Ахел/Ата Имаџес