Поранешниот сопруг на пејачката Наташа Беквалац очекува дете со поранешната пејачка Слаѓана Иванишевиќ.
Двојката ќе се венча откако ќе се роди бебето, или на почетокот на следната година.
“Иванишевиќ и Лазукиќ одлично се согласуваат, и водат мирен и повлечен живот подалеку од очите на јавноста. Тие имаат тесен круг на луѓе околу нив, така што забавата ќе биде организирана само за нивните семејства, кумови и најблиските пријатели во Нови Сад.” пишува„Курир.рс“.
Слаѓана носи машко и ова ќе биде нејзино прво дете, додека Лука од претходните два брака има две ќерки.