Таа е феминистка и дефинитвно жена која се бори за прифаќањето на жените од секоја големина, таа е фотографка и блогерка. Поради тоа што има неверојатно згоден сопруг, наиде на критики на социјалните мрежи, односно неочекувано ѝ пишувале дека некој како неа не заслужува толку згоден маж.
Џена Качер заедно со својот сопруг, Дру била на Хаваите, а фотографиите кои ги споделила од нивното патување направија вистински хаос и измешани чувства кај двајцата.
Тие биле прилично изненадени со коментарите, но не дозволиле тие да им го расипат расположението и одморот. Имено, нејзиниот сопруг е спортист и има извајано тело, а таа е буцкаста жена со облини, па нејзините следбеници прашуваат како успеала да освои толку згоден маж, додека некои од нив ѝ пишувале дека таа не го заслужува.
“Поради своите несигурности и сама се прашував како успеав со вакво тело да “уловам” фраер со совршени стомачни мускули. Зошто јас да го имам? Се чувствував помалку вредно и мислев дека не го заслужувам”, напиша Џена која многу често себе се претставува како нереална и несовршена жена.
Сепак, Дру очигледно не го дели нејзиното мислење, а тие двајца се во совршен среќен брак. Односно, нејзиниот сопруг вели дека таа е совршена за него, а и дека не е важно како некој изгледа сè додека нивните карактери се привлекуваат. Џенa долго време се борела со вишокот килограми, досега имала два спонтани абортуси, но вели дека конечно се прифатила таква каква што е и дека постојано работи на себе.
“Овој човек го има прифатено секој дел од мене, секоја облина, во последните десет години секој ден ме потсетуваше дека јас сум прекрасна иако моето размислување не се поклопуваше со неговото (дури и кога не сум се туширала со денови)”, вели Џена.
“Јас сум многу повеќе од моето тело, па така и тој, но и Вие”, заклучи Џена.
Откако Џена им возврати на сите оние кои го судеа нејзиното тело, таа доби 44.000 “лајкови” и стотици жени кои се пронајдоа во нејзината приказна, ја поддржаа и охрабрија дека таа е вистинска жена со облини.
извор:тоќка.мк