Живот и Стил

Луѓето родени во овие 3 хороскопски знаци, најмногу повредуваат…

Луѓето родени во овие 3 хороскопски знаци, најмногу повредуваат…

Секој различно го поднесува раскинувањето. Но, постојат некои хороскопски знаци, кои, откако ќе ја официјализирате вашата врска, целосно ќе ве повредат. Доколку на било каков начин ги повредите, ќе ви возвратат двојно, а ќе ви ја подготват и најсуровата казна.

После нив, повеќе нема да бидете исти, а еве кои хороскопски знаци најмногу повредуваат!

1. Овен

На Овенот не му е проблем да ги повреди луѓето околу себе, бидејќи всушност не му е грижа за нив. Кога ќе одлучи да прекине контакт со некого, тоа и ќе го направи, целосно ладнокрвно и бесчувствително, без да размислува за тоа дали некого ќе повреди со своите постапки. Ако се обидете да разговарате со Овен на оваа тема, според неговиот поглед ќе сфатите дека до него ништо не допира. Овенот едноставно не размислува дали некого може да повреди со своите постапки, па затоа не ви е исплатливо да се објаснувате, бидејќи можете само да го испровоцирате. Кога ќе му стапнете на нервите, дури тогаш ќе ви покаже колку може да биде безмилосен, до таа мера што воопшто не знае што значи емпатија.

2. Девица

Девиците важат за драги и сочувствителни личности, кои никогаш никого не повредиле, а тоа е сосема неточно. Девиците во сѐ се перфектни, па така и во кршење на туѓи срца. Склони се кон осудување и знаат да бидат многу груби, секогаш се директни и не им е важно дали со своите зборови ги повредуваат другите. Иако искреноста е доблест, Девиците со неа често се служат поради своја корист, а точно знаат во секое време, кое “копче” треба да се притисне, за да ја предизвикаат посакуваната ситуација. Мислат и дека можат да ви одржат лекција за сѐ, и дека најмногу се исплати ако бидат брутални. Ако повредите Девица, таа ќе ви возврати десет пати повеќе и секој свој нареден чекор, најпрво убаво ќе го размисли и ќе си докаже сама на себе дека сите кои ги повредила, еден ден ќе ѝ бидат благодарни за тоа што таа ќе го направи.

3. Лав

Лавовите лесно се заљубуваат, но подеднакво лесно е и засекогаш да ве прецртаат од животот. Кога Лавот ќе заврши со некој, понатака за таа личност не сака да слушне ништо и не го интересира дали во меѓувреме некако ја повредил. На Лавовите им е потребно внимание, а ако не го добие во таа мера во која што тој сака, или пак ако го повредите неговото его, ве очекува опасна одмазда. Нивниот камен од кој можете да се сопнете е и љубомората, која Лавот често знае да го доведе до искушение да им направи грозни работи на луѓето, а кога ќе се скараат со некого, таа личност веќе ја гледаат како проблем. Лавовите себеси се гледаат како големи владетели и се сметаат за способни во одредување на казни, на секој кој ќе се скарал со нив, или кој има во план да го направи тоа.

To top