Македонската фолкерка Татјана Лазаравеска веќе неколку години заедно со своето семејство живее надвор во Австралија.
Татјана и нејзиниот сопруг минатата година купија и сопствена куќа во која што уживаат во заедничките моменти.
Фолкерката е активна на социјалните мрежи каде што редовно покажуваа како го поминува времето, што има ново, знае да се вклучи и да запее.
Меѓутоа, деновиве во домот на Лазаревска има дупли повод за славење, а честитките пристигнаа од сите страни во светот.
Имено, сопругот на пејачката, Новица Василевски го прослави својот 50ти роденден. По тој повод, Татјана и Новица ги собраа своите пријатели во ресторан и со музика, песна, играње, торта го прослави 50-иот јубилејен роденден на Новица.
Пејачката на социјалните мрежи сподели дел од атмосферата, а во еден момент Лазаревска му запееја на Новица и танцуваа на песната „Ја немам други дом“ од Лепа Брена.
Погледнете дел од роденденската атмосфера.
Исто така, по роденденот на Новица, семејството на Татјана имаше уште еден повод за славење односно роденденот на синот Петар.
Лазаравеска по тој повод му направи мало изненадување на синот, односно додека беа на ручек во ресторан келнерка донесе мал колач со свеќичка, а пејачката му запеја и роденденска песна „Happy Birthday“.
Среќен роденден на Новица и Петар!