Радио Милева тргнуваат на пат

Љубовта е минлива, ама интересот е вечен: За Џими и Анета Молика работата има своја цена, иако приватно разделени, повторно заедно на сцена (фото)

Љубовта е минлива, ама интересот е вечен: За Џими и Анета Молика работата има своја цена, иако приватно разделени, повторно заедно на сцена (фото)

Познатата музичка сега веќе екс- брачна двојка Анета Љумаковска и Џими Мицевски од „Молика“, сакале или не ќе бидат службено заедно неколку дена.

Анета и Џими заедно со колегите од групата „Молика“ ќе отпатуваат во странство и ќе настапуваат на иста сцена. Иако се разделија уште пред неколку месеци минатата година, поранешните сопружници останаа лојални на оние што ги ангажирале за настап, па ќе мора да ги испочитуваат, а и да ги задоволат сопствените интереси.

Па така, наскоро односно на 8-ми март Анета Љумаковска и група „Молика“ ќе пеат на дамите од дијаспората во Виена – Аврстија.

Тука не завршува нивната работна задача, па ќе мора да се гледаат и да патуваат и настапуваат и следниот ден односно на 9-ти март во Брисел- Белгија.

Натапите на својот профил на Фејсбук ги најави и самата Анета, ги информираше и оние што не разбрале навреме, да си обезбедат место.

За потсетување, во време кога потврдија дека не се повеќе заедно и му ставиле крај на бракот, а постапката е во тек, Џими и Анета потврдија дека кога се во прашање заедничките настапи со „Молика“ ќе ги имаат и испочитуваат се’ она договороеното до месец авкуст годинава.

Љубовта е минлива, но интересот останува ист!

фото:Facebook/ Aneta Ljumakovska

To top