Соиното млеко, медот, брашното, кокосот и уште неколку состојки ќе бидат доволни за ова слатко совршенство.
Доколку сте љубител на крофни, не се сомневаме дека овие и тоа како ќе ви се допаднат:
Состојки:
четири и пол чаши млеко од соја
половина чаша мед
75 гр свеж квасец
15 гр сол
1,5 кг брашно
половина чаша масло
За глазура:
конзерва кокосово млеко
800 гр шеќер
лажица екстракт од ванила
рендан кокос
Подготовка:
Во поголем сад измешајте ги млекото од соја, медот, квасецот и маслото. Додадете ги брашното и солта, па добро измешајте со миксер за да добиете мазно и воедначено тесто. Оставете го на топло место да нарасне, па со раце кинете парчиња тесто и формирајте крофни со саканата големина. Пржете на врело масло додека не добијат убава боја од двете страни. Сварете го кокосовото млеко со шеќерот и екстрактот од ванила додека не се згусне, па секоја крофна потопете ја прво во преливот, па во ренданиот кокос.
Извор: Курир.мк