Радио Милева емотивен говор

Љуба Перуќица во солзи на прославата за раѓањето на синот: Пејачот призна дека сака три деца (фото) 

Љуба Перуќица во солзи на прославата за раѓањето на синот: Пејачот призна дека сака три деца (фото) 

Популарниот пејач Љуба Перуќица вчера стана татко.

Тој  откако ја сподели радосната вест на Инстаграм истата вечер имаше голема прослава по тој повод.

Во еден момент тој одржал говор пред семејството и пријателите каде открил дека сакал дете долги години.

„Благодарам на сите што дојдовте. Вечерва тука се луѓето кои се најблиски и најважни за мене и Каца. Луѓе кои треба да бидат тука и кои се надевам дека ќе бидат со нас уште многу години на сите наши следни собири, кои ќе ги има многу, се надевам“, изјавил пејачoт пренесува Гранд и додал:

„Прво морам да ве замолам за аплауз за мама. Бев со некоја која 9 месеци беше бремена и можам да кажам дека им се восхитувам на жените за се што прават, секоја чест. Второ, аплауз за Алексеј. Љуба потоа открил како се чувствува. „Многу сум емотивен цел ден. Чекавме толку години, се трудевме, знаевме дека некогаш ќе се случи и се случи, фала богу. Се надевам дека по Алексеј, ако даде Господ, ќе имаме девојче. Јас сум и за трето – изјавил тој  а забавата продолжила да трае до доцните часови.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top