Таа е телевизиски лик кој не се заборава, затоа и периодов му недостасува на телевизискиот етер.
Анастасија Богдановска мора да биде дополнително претпазлива од корнавирусот затоа што во себе носи уште еден живот кој наскоро ќе дојде на свет.
Сепак, последните труднички денови од третиот триместар убавата Деа ги минува работно, но од дома, уредувајќи ја утринската програма на ТВ Алфа.
За опуштање вежба јога, слика, но за мерак на душата знае и да си се дотера по дома.
Овој пат на најновата фотографија што ја објави на својот профил на Фејсбук, таа на себе ја носи кошулата на мајка си која има приказна.
Имено, белата кошула во која позира Деа ја имала на себе и нејзината мајка пред 30-тина години кога била бремена со неа.
Лозата продолжува, а наследничката на Анастасија и Богдан накоро ќе пристигне во прегратките на мама и тато.