Истражување со 300.000 средовечни испитаници покажа дека нарушеното дишење при спиењето е поврзано со здравјето на срцето и оти лошиот сон го скратува животниот век за околу седум години.
Иако не може да вети долговечност, спиењето ги одржува виталните телесни процеси да се движат како што треба. Истражувачите на Универзитетот во Сиднеј во Австралија и Универзитетот на Јужна Данска ги проучиле податоците за поврзаноста со спиењето и срцевите болести на 308.683 средовечни луѓе. Опфатени биле клинички нарушувања на спиењето, како што се несоница и проблеми со дишењето, како и други неповолни појави поврзани со спиењето – нејасен распоред во спиењето, ‘рчење и дневна поспаност.
Недостатокот на сон не е само чувство на умор. Тоа е поврзано со сериозни хронични здравствени состојби, вклучувајќи ги тука срцевите болести, дијабетес и слаб имунитет. Тоа, исто така, ја загрозува способноста за справување со стресот. Уште повеќе, истражувањата покажуваат дека лошите навики околу спиењето го скратуваат животот на една личност.
Така, двете најчести нарушувања околу спиењето поврзани со дишењето во овие испитувања биле централната ноќна апнеја и опструктивната ноќна апнеја.
Заклучокот вели дека животниот век на лице со здраво срце, но со нарушен сон, се скратува за околу седум години. Кај жените, нарушеното дишење при спиење е поврзано го намалува на здравјето на срцето за 7,32 години, а кај мажите – за 6,73 години во просек. Луѓето кои спиеле лошо, како што е дефинирано во научниот труд, имале просечно двегодишно намалување на здравјето на срцето.
извор:курир.мк