Ќерката на Сузана Турунџиева, Лора Турунџиева претходната година во август стапи во брак со нејзиниот избраник Филип Наунов.
Свадбата се случи во еден познат скопски ресторан, а беше во кругот на најмилите и најблиските.
Имено, Лора е бремена и наскоро треба да се породи и да стане мајка, а Суза баба.
Меѓутоа, деновиве Лора го славеше својот 19ти роденден, а по тој повод на социјалните мрежи со емотивна порака се огласи Сузана Турунџиева.
„Среќен 19ти роденден убава моја Лора. Март е наш месец… Нека трепка“ напиша идната баба на „Инстаграм“ во опис на фотографија од свадбата.
Бидејќи Лора наскоро треба да се породи, а и во март е и нејзиниот роденден веруваме дека овој месец ќе донесе многу среќа.
Останува да видиме кога Лора ќе стане мама, а Сузана баба.
За тоа сигурно ќе ве известиме на вистина.ком.мк