Радио Милева Љубовна манџа

Љубов со предизвици: Бремената Елена Миленковска му постстави нови брачни задолженија на Гуте (фото)

Љубов со предизвици: Бремената Елена Миленковска му постстави нови брачни задолженија на Гуте (фото)

Пејачката Елена Миленковска и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ неодамна открија дека повторно ќе станат родеители.

Убавата вест ја обзнанија на Инстаграм со фотографија на која ги покажаа ехо-снимките од потврдената бременост.

Музичко-брачната двојка покрај обврските за синчето Максим, сега имаат и дополнителни задолженија, особено тато Гуте бидејќи Елена е во блажена состојба.

Додека таа поминува повеќе време во одмор и со синчето, Гуте добил предизвик во кујната.

-Додека тато го исполнува првиот предизвик за бременоста и оваа недела е задолжен за кујната и готвење, ние двајцата имаме повеќе време да гледаме цртани. Уживам додека гледам како се’ внимателно следи секој ден и созрева – пишува Елена во описот на објавата.

А кога се’ ќе се зачини со љубов, тогаш е многу полесно, послатко, поубаво…

-Покрај сите обврски во текот на денот секогаш ги наоѓаме наште пет минути за прегратка,бакнеж и по некој топол збор- додава Елена.

За потсетување, по неколкумесечна врска која започна додека учесатуваа во „Ѕвездите на Гранд“, Елена и Гуте се верија, а подоцна и венчаа, а на 22.02.2020 направија свадбена прослава во едн познат хотел во Скопје во присуство на своите најбллиски, роднините и другарите, пријателите и дел од колегите.

Шест месеци подоцна, поточно во јуни 2020, Елена и Гуте за првпат станаа родители односно го добија синот Максим, кој наскоро ќе добие братче или сестричка.

To top