Еден од најреномираните македонски етно-бендови „Љубојна“, големиот јубилеј 20 години на сцената ќе го прослави онака како што најдобро знае – со концерт.
„Љубојна“ и пријателите на 20-ти јули ќе одржи концерт на Ракометното игралиште во Битола со почеток во 21 часот. Билетите за престојниот концерт се во продажба од 7-ми јули, преку продажната мрежа на www.mktickets.mk и karti.com.mk.