„Limoncello spritzer“ се базира на италијански ликер од лимон, измешан со просеко пенливо вино, лимонада и минерална вода.
Во летниот период бараме лесни и освежителни пијалоци, а ова е токму таков коктел. Овој освежителен пијалок се базира на популарниот италијански ликер од лимон и се меша со просеко пенливо вино, лимонада и минерална вода. Дополнителна длабочина на вкус обезбедуваат свежите плодови од лимон, како и миризливите листови од неодолив босилек.
Состојки:
60 мл ликер од лимончело
60 мл просеко вино
30 мл лимонада
4 листови свеж босилек
половина лимон
малку минерална вода со вкус на лимон
мраз
Подготовка:
Исечете половина лимон на тенки парчиња. Ставете ги во шејкер со листовите босилек и лимонадата. Изгмечете ги за вкусовите да се помешаат. Доколку немате опрема за правење коктел, слободно импровизирајте со саддовите што ги имате дома, пренесува „Pun kufer“. Додадете лимончело и мраз во шејкерот и добро протресете. Добиената течност процедете ја и поделете ја на две чаши. Додадете просеко и малку минерална вода со вкус на лимон. Украсете ја чашата со парче лимон.
Уживајте!
извор:попара.мк