Живот и Стил

Лимон коцки – десерт што не враќа во детството

Лимон коцки – десерт што не враќа во детството

Ако сакате нешто слатко, тогаш можете да направите вкусни коцки од лимон

Состојки:

200 гр омекнат путер
550 гр шеќер
лажичка екстракт од ванила
прстофат сол
300 гр брашно
шест јајца
три големи лимони
180 мл сок од лимон

Подготовка:

Изматете го омекнатиот путер со 100 гр шеќер, екстракт од ванила и прстофат сол. Додадете 250 гр брашно и замесете тесто. Истиснете го во длабок сад премачкан со малку путер и печете го околу 15 до 20 минути додека не добие златна боја околу рабовите.

За тоа време подгответе го филот. Јајцата се матат со 400 гр шеќер, ренданата кора од три лимони и сокот од лимон. Матете додека смесата не се изедначи, а потоа додадете ги преостанатите 50 гр брашно.

Со филот прелијте ја кората од рерната и вратете ја во рерна. Печете уште половина час. Оставете да се излади на собна температура, па ставете во фрижидер два часа.

извор:курир.мк

To top