Бендот „Лилит“ предводен од познатиот македонски музичар и музички автор Трајко Таци Симоновски и шармантната и екстравагантна вокалистка, охриѓанката Емилија Колоска имаат нова песна.
Овој пат темата носи наслов „Одговор“ и беше тсвирена заедно со материјалот за нивниот деби албум на неодамнешниот прв концерт кој бендот го имаше во скопското кино „Милениум“.
Покрај „Одговор“ на концертот во проширен состав од 12 музичари беа изведени уште неколку неиздадени нумери. Како збогатување на основата на бендот се појавија: Сашко Николовски, Кирил Кузманов, Сенад Усеин, Калина Велковска, Полина Тасева и Драган Ѓуровски.
Всушност, самиот сингл е и најава за албумот „Чудо“ – насловен по нивната прва песна, кој набрзо ќе биде издаден и пуштен во продажба, порачуваат од тимот на „Лилит“.
Покрај Емилија Колоска, авторот и басист Трајко Симоновски, во бендот членуваат уште игитарист Иван Петровски, додекаа зад клавијатури се појавува Филип Димишковски.
Видеото е од нивниот споменат настап во живо во кино „Милениум“ кој го снимале „Блек Меџик продукција“ со своите камери. Песната е миксана и мастерирана во студиото „CIty Sound“.
Проследете како звучи и изгледа кога „Лилит“ за љубовта која нема граница имаат свој – „Одговор“.