Без сомнеж Лила Филиповска е најпопуларната водителка, а сега и инфлуенсерка, гледано според посетеноста на нејзините профили на социјалните мрежи.
Таа по борбата со ракот и сите лоши моменти кои што ги помина, важи за дама која е задоволна од животот.
Неспорен факт е дека лошиот период е веќе зад неа, а сега она што ја прави најсреќна се патувањата.
– Знаете дека години наназад патувањето е мојата терапија. Ништо не може да ме израдува повеќе од пакување на куферите . Најубавиот поглед ми е погледот на облаците, омилениот глас ми е гласот на пилотот кога ќе каже дека сме стигнале на посакуваната дестинација, а најомилените приказни за мене се помеѓу страниците на мојот пасош. Следуваат уште многу приказни за раскажување само бог да дава здравје“, напиша еднаш Лила.
Секогаш кога ќе се спомне нејзиното име на сите им е јасно дека станува збор за водителка и препознатливо ТВ лице.
Но, таа оддамна, во младоста проба да заплови и во музичките води.
Па, самата понекогаш знае да се потсети на тие убави спомени на нејзините почетоци, како изгледала некогаш како што беше случај и сега.
Имено, Лила на Инстаграм се потсети на периодот пред две децении кога се обидуваше да биде пејачка.
– Кој се сеќава на моето музичко деби пред 20 години?! Песната е автобиографска, текстот е мој, а музиката и аранжманот на мојот пријател Роберт Саздов“, стоеше под видеото кое го објави на нејзиниот Инстаграм профил.
Филиповска го бараше целиот настап или спотот за песната „Ти верувам до крај“, па побара да и остави порака доколку има некој таков.
Очигледно не го најде па, се потсети на нејзиниот настап од ТВ и го сподели краткото видео со следбениците кои потврдија во коментарите дека навистина се сеќаваат и растеле со нејзината песна.
View this post on Instagram
Прејачката изгледа целосно непрепознатливо, со целосно друг стајлинг кој тогаш беше хит во тоа време, а енергијата и харизмата останале сосема исти.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лила Филиповска