Радио Милева на здравје за животот

Лила слави роденден како победничка: Со година плус, животот е уште посладок – „Бог дава, да знаете!“ (видео)

Лила слави роденден како победничка: Со година плус, животот е уште посладок – „Бог дава, да знаете!“ (видео)

Во шестата деценија од животот Лила Филиповска многу добро знае како да си удоволи себе си. Она што најмногу го сака и редовно го практикува како душевна храна, се патувањата на разни дестинации, дури и репризно.

Овој пат таа за посебниот ден 15. Октомври, својот 52- ри роденден, Лила реши да се почести со патување во Венеција- Италија заедно со приајтелки.

Овој роденден е посебен за Лила, затоа што оваа 52-ка ја слави како животна победничка откако претходната година го победи ракот на дојка.

Деновите уште послатки, особено овој славеничкиот. Во Венеција така славенички се дотера во непогрешливата безвремеска комбинација од малиот црн фустан, а како главни детали беа масивните бисери околу вратот.

Посебен момент за впечатливот изглед беше црвениот крамин на усните и очилата за сонце во мачкаст облик. Безвременски „Шанел“ изглед кој беше непогрешлив избор за во модната престолнина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

„На никого не му е гајле за твојата приказна сѐ дури не победиш. Победив и еве сум, славам нов роденден. Зашто јас го сакам животот и животот ме сака мене. И максимално уживам во него! И дава Бог да знаете, треба само да посакате, да посакате со чисто срце. Во моето срце има место за вас драги пријатели кои сте со мене сите овие години и оние кои ме држеа цврсто за рака кога беше најтешко. Да сме живи и здрави и само љубов“, напиша Лила и објави видео снимено на неколку различни локации.

Се’ беше во знакот на едноставниоста, без помпа, туку само сопствена сатисфакција за она од Бога даденото – животот!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Среќен роденден Лила!

фото:Инстаграм принтскрин/Лила Филиповска

To top