Радио Милева
мрежна конекција

Лила и Сања Барби ги поврза еден детаљ, пејачката и водителката избраа исто (фото)

Лила и Сања Барби ги поврза еден детаљ, пејачката и водителката избраа исто (фото)

Во едно од последните снимања на квизот „Се или нешто“, домаќинката на гејм шоуто се појави пред камерите во ултра секси стајлинг.

Станува збор за едноставна, но ефектна секси комбинација која тешко ги останала незабележана.

Лила го споила малиот црн фустан со секси мрежести светкави чорапи кои се во преден план, па така стилизирана позираше и за своите следбеници на Инстаграм, каде очекувано ги доби сите ласкави епитети.

Нога пред нога, поза и став кој отсекогаш го имала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Бидејќи станува збор за моден детаљ кој не останува незабележан, истиот ни фати око пред извесен период кога неколкупати истиот секси модел на светкави чрапи го носеше и фолк пејачката Сања Барби.

Слично облечена беше како гостинка во една емисија, а претходно толку многу и се бендисаа што позираше со нив во разни пози.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SANJA CINCEVA ® (@sanjacincevaa)

Ефектот секако е постигнат, за тоа на кого подобро му стојат нема да дискутираме, бидејќи и двете се топ, останатото е работа на вкус.

фото:Инстаграм/Лила Филиповска/Сања Цинцева

Останати вести од Радио Милева