Српската актерка Лидија Вукиќевиќ деновиве ги спакува куферите и пристигна во Скопје.
Имено, актерката е во скопската метропола поради претставата „Чекајќи го министерот“ која се играше во „Театар комедија“, а на 15 ќе се игра и Центарот за култура во Струмица.
Освен тоа, Вукиќевиќ го искористи времето за да гостува и на неколку телевизии каде што неуморно даваше интервјуа.
Меѓутоа, изненадена од топлото време во ноември, Лидија се соблече по кратки ракави, а на својот „Инстаграм“ објави фотографија, па напиша:
„Во кратки ракави бидејќи Скопје има микро клима“ се пошегува актерката.

Исто така, Вукиќевиќ објави видео на кое ја шминкаат и ја подготвуваат, па порача: „Не престануваме да работиме, сакам да се одморам“ напиша Вукиќевиќ во описот на видеото.
Во комедијата „Чекајќи го министерот” покрај Лидија играат и Милан Пајиќ и Семир Гигиќ.