Радио Милева

Лидија Вукиќевиќ ја прозва Анабела: „Таа е лоша мајка“

Лидија Вукиќевиќ ја прозва Анабела: „Таа е лоша мајка“

Атрактивната водителка Лидија Вукиќевиќ не сака да биде дел од реално шоу, но редовно ја следи Задруга.

Таа вели дека редовно го гледа реалното шоу на Пинк и дека е запрепастена од однесувањето на семејството Ѓогани, а најмногу е разочарана од Анабела Атијас.

„Од се’ може нешто да се научи, па и од „Задруга“. Имам доволно слободно време и интересно ми е да гледам. Мислам дека Анабела не требаше да влезе во Задруга затоа што се покажа како лоша мајка. Жал ми е за Луна“, изјави актерката.
На прашањето дали и верува на Анабела дека добила алопеција поради Ѓогани, таа вели:

фото: Притнскрин/твпинк

„Тие работи не се изнесуваат јавно. Тоа е ужасно. Мислам дека Анабела влезе во „Задруга“ за да го спречи сексот на Луна пред камери. Кога истакна дека влегла во Задруга за да се оправада, бев изненадена. Каква е тоа мајка? На Луна таму не и се потребни ни татко ни мајка. Мислам дека мајката ја одредува судбината на детето. Семејството пропаѓа кога ќе ослаби мајката, а не таткото“ вели Вукиќевиќ.

фото: Инстаграм/лидијавукиќевиќ

Според Лидија, Анабела е виновна за се’.

„Оној момент кога мајката ќе згреши, децата страдаат. Анабела неколку пати го праша Гаги: „Каде беше кога на децата требаше да се плаќа за образованието, за операцијата….? Јас никогаш не го прашав такви работи мојот бивши сопруг. Во моментот кога се разведов јас преземав одговорност. Не му велев: „Земи ги синовите, морам на претстава“. Ги носев со себе. Некогаш беа зад сцената, некогаш во гардеробата, некогаш во публика, но често беа со мене“ вели Вукиќевиќ.

To top