Актерката Лидија Вукиќевиќ е многу активна на Инстаграм, па редовно ги радува следбениците со своите жешки фотографии.
Познатата Виолета од култната серија „Бољи живот“ е синоним за дама од јавната сцена која им одолева на годините и им дава домашна задача на помладите жени како да се грижат за себе.
Меѓутоа, овојпат Лидија се надмина себе си, но покажа кој и прави друштво во спалната соба.
Сигурно помисливте дека убавата Лидија конечно признала кој е среќникот кој и паднал во креветот, но не е тоа што мислевте. Станува збор за нејзините кучиња, кои таа ги обожава и им дозволува се.
Како што објаснила, спие и се буди со нив, а поголемиот дел од креветот е резервиран само за нив.
– Кога ќе се вратам дома после патувањето и после ритуалот на бакнување, сè уште нема доволно нежност, па ме чекаат во кревет… А каде да легнам, каде – напишала Лидија во објавата.
За потсетување, Лидија минатата година беше во врска со помлад Италијанец, дури се споменуваше дека планира брак, но ништо не излезе од тоа.
Во секој случај, кучињата се таму ако таа нема партнер, иако сме сигурни дека има редица додворувачи кои со задоволство би сакале да бидат со неа и да ја однесат до олтарот..
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лидија Вукиќевиќ