Живот и Стил

Лицето (не)свесно го допираме 16 пати во еден час – како да престанеме?

Лицето (не)свесно го допираме 16 пати во еден час – како да престанеме?

Сите го правиме тоа. Многупати го допираме лицето во текот на денот, или затоа што нè чеша носот, се допираме по очите бидејќи сме уморни, ги допираме усните, и сето тоа го правиме без да размислуваме. Меѓутоа, со ова постои ризик да се заразиме со коронавирус.

Има два начина на пренесување на инфекција.

Според Централот за контрола и превенција на болести, новиот коронавирус кој е наречен SARS-CoV-2, се пренесува од човек на човек како и многу други респираторни инфекции кога некој ќе кивне или кога ќе допре некоја површина.

Во едно истражување од 2008 година, 10 испитаници се набљудувани откако биле оставени сами во просторија. Истражувачите открија дека тие го допреле нивното лице во просек 16 пати во период од еден час.

Во втора студија од 2015 година, набљудувани се 26 студенти на Универзитетот во Австралија и откриено е дека го допираат лицето 23 пати во еден час.

Дури и медицинските работници ја имаат оваа навика и во просек го допираат лицето 19 пати во период од два часа.

Ова е навика која може да се совлада

Бидете свесни дека во овој период мора да ги држите рацете подалеку од лицето. Само кратка пауза може да ви помогне да станете свесни за тоа што правите со лицето, исто така може да ставите налепници како потсетник дека не треба да го допирате лицето.

Доколку гледате телевизија, држете нешто во вашите раце, далечинскиот управувач или обични марамици.

Користете миризлив сапун за раце и мирисот ќе ве потсети дека рацете треба да ги држите подалеку од лицето.

извор:кајгана.ком

To top