Топлите денови се пред нас, а време е да подготвиме еден летен чизкејк- брз и освежителен десерт со јагоди.
Потребни состојки:
125 гр. маскарпоне сирење
150 гр. јагоди
4 тврди бисквити
1 лимон
1 лажица шеќер
2 лажици шеќер во прав
1 лажица масло
Начин на подготовка:
Во лонец загрејте ги исчистените јагоди, шеќерот и 1 лажица лимонов сок. Мешајте 3 до 4 минути, додека не се истопи шеќерот, а јагодите не омекнат.
Во меѓувреме, здробете ги бисквитите и измешајте ги со маслото.
Распоредете ја смесата на 2 чаши и притиснете ја на дното.
Нежно измешајте го сирењето, преостанатиот лимонов сок и шеќерот во прав. Преку кексот, ставете ја кремата, а потоа и крем сосот од јагоди.
Послужете ладно.
извор: Курир.мк