Најдобри колачи се оние кои се подготвуваат брзо и лесно, без многу состојки.
Лажните ванилици се само едни такви, во комбинација со свежо овошје – најдоброто освежување во пролетните и летните денови.
Состојки:
– путер, 150 гр
– неутрално крем сирење, 100 гр
– шеќер, 50 гр
– слатка павлака, 175 мл
– ванилин шеќер, 1 кесичка
– тркалезни бисквити, 36 парчиња
– јагоди, 150 гр
Подготовка:
Со миксер изматете ги омекнатиот путер, крем сирењето и шеќерот додека состојките не се соединат. Во друг сад изматете ја слатката павлака со ванилиниот шеќер и кога ќе се соедини измешајте ги двете смеси.
Земете еден бисквит и намачкајте го со малку крем, исечкајте ги јагодите и повторно намачкајте го кремот, па преклопете со друго колаче. Направете го ова додека не ви снема материјал.
Едноставно, нели?
извор:popara.mk