Живот и Стил

Лесни и Меки како памук:  Домашни кифли со кисело млеко и сирење, најдобри за доручек или за празниците

Лесни и Меки како памук:  Домашни кифли со кисело млеко и сирење, најдобри за доручек или за празниците

Кифличките со сирење се омилен домашен оброк за многу луѓе, но овој рецепт е уште подобар од вообичаените, бидејќи во тестото се додава кисело млеко. Затоа како резултат добивате меко совршенство во кое ќе уживате за појадок или вечера.

Не е тешко да се подготви, рецептот е исклучително едноставен, а состојките се исто така такви што ги има речиси секоја кујна.

Состојки:

400-450 грама брашно
1 јајце + 1 жолчка
200 грама сирење
200 мл кисело млеко
50 мл млеко
50 ml вода
30 мл масло
15 грама квасец
сол, шеќер, сусам

Подготовка:

Во квасецот додадете малку шеќер (околу половина кафена лажичка), па растворете го во млако млеко. Кога ќе почне да пени додадете вода, масло, кисело млеко и јајце.

Во тавата каде што сте ја измешале оваа смеса полека сипете го брашното и малку сол. Месете го тестото додека не се изедначи, па покријте го со крпа и оставете го да одмори околу половина час.

Работната површина посипете ја со брашно, развлечете го тестото и исечете го на правоаголници. Намачкајте со масло.

Тестото се сече вертикално, да личи на реси, но не до крај, ниту од едната ниту од другата страна, туку само на средината.

На делот што не сте го исечкале (горниот дел од тестото) ставете парчиња сирење. Свиткајте во ролна.

Се редат во плех обложен со хартија за печење, па се покрива со крпа и се чека уште малку да одморат.

Намачкајте со жолчка и малку масло по желба, а одозгора додадете сусам.

Се пече на 200 степени околу половина час.

Кога ќе се испечат, кратко покријте ги. Потоа послужете ги и уживајте!

Извор: Попара

To top