Живот и Стил

Лесен летен ручек: Запечени рендани тиквици (Видео)

Лесен летен ручек: Запечени рендани тиквици (Видео)

Ако ве мрзи да готвите, направете го овој брз и едноставен оброк.

СОСТОЈКИ:
1 тиквица
3 парчиња леб
2 јајца
100 мл млеко
100 мл павлака за готвење
30 гр рендан пармезан
1 чешне лук
сол
бибер
босилек
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Исечкајте го лебот, налијте со млеко и павлака, а потоа оставете кратко да се натопи.

Тиквиците изрендајте ги и исцедете ги. Во друга чинија измешајте јајца, зачини и пармезан. Соединете и излејте во намастен плех. Печете 40 минути на 200 степени.
Добар апетит!

извор: готви.мк

To top