Пејачката Лепа Брена вели дека е вечен оптимист, дека заедно со сопругот Боба Живојиновиќ успеале да го воспитаат децата и сега уживаат во мирот.
Брена и Боба неодамна наполнија 30 години брак, а пејачката сега проговори за бракот, за децата, за животот…
Кој совет би им го дале на идните младинци?
-Бракот без љубов во кој нема страст, разбирање за двајцата партнери и поддршка, визија за иднина, толеранција, не е брак. Ова е основа на секој брак.
Дали некогаш сте размислувале да се разведете?
-Ако жените на Балканот немаат праг на толеранција за нашите мажи, тогаш нема да опстане бракот (се смее). Дали се разбравме?
Кога последен пат помисливте – „Боже колку сум среќна, ти благодарам на тоа?
-Многу гледам реционално на животот, светската ситуација, економијата, политиката, имавме толку успеси и тешки ситуации да сум благодарна на сė. Имам семејство, добра комуникација здравје и уште многу обични работи кои го прават животот бидејќи многу луѓе мислат да си познат е голема среќа. Не е точно. Треба да ја изберете работата во која ќе бидете среќни.
Дали една од желбите за следната година е да запеете на свадба кај вашите синови?
-Моите момчиња го знаат моето мислење и мислењето на Боба за бракот. Треба во таа приказна да влезете подготвен, зрел, одговорн, заљубен и со визија што понатаму. Бракот и децата се многу одговорни приказна. На нив им е дадено се што е потребно во едно семејство. Љубов, вера, самодоверба, поддршка од двајцата родители, и кога ќе одлучат да полетаат од тоа гнездо, знаевме дека ќе бидат стабилни. Ако веруваат дека имаат личност покрај себе за таква приказна, тогаш го имаат нашиот благослов. Но, пред 30 да не брзаат.
Се помалку време поминувате во Србија, дали тоа може да го сметаме како ваше бегство од секојдневната реалност или нешто друго?
-Ова пандемија внесе многу новости во нашиот живот. Прво, почнавме да живееме нормално. Спиеме на време, стануваме на време, се храниме нормално, тренираме и се враќаме во нормала. По 40 години за мене тоа е прекрасно. Не се јаде доцна навечер. Но, таа грижа за нашите деца, сите деца на светот, економијата, мистеријата и лудилото со пандемијата не и даваат мира на мојата уметничка душа. Секогаш некои проблеми кои не ти даваат мир.Ќе помине. Имам надеж и таа и тој оптимизам секогаш е присутен, вели пејачката.
фото: Курир.рс/драган кадиќ/инстаграм/лепа брена