Радио Милева пара на пара се лепи

Лепа Брена проговори за имотот – започнува нов бизнис! (фото)

Лепа Брена проговори за имотот – започнува нов бизнис! (фото)

За недвижностите, стекнатите пари и богатството во сопственост на големите ѕвезди секогаш се пишувало во медиумите и ја интригирало јавноста.

Иако на повеќето од естрадата парите не им паднале од небо туку се стекнале со децениска работа, не недостигаат негативни коментари за луксузниот живот што го водат.

Мета на тие коментари беше и Лепа Брена, а во медиумите се појавија разни информации за нејзиниот имот и банкарска сметка, кои често беа невистинити. Сепак, пејачката долго време не обрнува внимание на тоа.

– Да размислував за тоа во последните 40 години, ќе завршев на клиника за ментално пореметени луѓе.

Пејачката најави и дека во наредниот период нејзиното богатство ќе се умножи уште повеќе поради бизнисот што го започнува и дека дури тогаш е подготвена за се што ќе се пишува.

– Дури тогаш нема да можат да го соберат! Многу се работи и се инвестира паметно. Нашите деца пораснаа, тие сега се мажи кои исто така се занимаваат со бизнис, и јас сум исклучително горда на тоа – изјавила таа.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Лепа Брена

To top