Радио Милева непознат детаљ

Лепа Брена проговори за Баба Ванѓа, па откри што и погодила познатата пророчица (фото)

Лепа Брена проговори за Баба Ванѓа, па откри што и погодила познатата пророчица (фото)

Пејачката Лепа Брена неодамна гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ и се присети на средбата со Баба Ванѓа која детално и кажала како ќе изгледа нејзиниот живот. Имено, на врвот на кариерата во поранешна Југославија, заедно со Саша Поповиќ, Брена ја посетила Баба Ванѓа во Бугарија и не и верувала во пророштвата што и ги кажала.

– Спиев на шеќер, го ставив под перница. Утрото отидов кај Баба Ванѓа и имаше огромни редици. И купив златен привезок и свилена марама, затоа што сакав да и подарам нешто лично. Кога ме виде, рече дека пред пет години напишала во својата книга дека ќе се појави жена со сребрена коса, која ќе слезе од небото – рекла Брена.

Познатата пророчица и кажала и со кого ќе се омажи, но напоменала дека ќе има и голема продуцентска куќа.

– Ми рече дека ќе се омажам за маж во бела униформа и дека ќе родам само машки деца. Исто така, дека кога ќе се вратам во Србија, ќе изградам голема зграда во која ќе бидат сите луѓе што свират и пеат и дека тоа ќе го работам долги години. Потоа го основав Гранд. Таа ми нагласи дека во подоцнежните години ќе се занимавам со разни бизниси и дека ќе бидам многу успешна и во тоа – вели Брена.

На крајот баба Ванѓа и рекла: – Додека си жива, ќе бидеш Лепа Брена, ќе пееш и ќе уживаш, бидејќи тоа е твојата карма.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Лепа Брена/Амиџи шоу

To top