Според Лепа Брена секоја жена треба да биде своја, да не дозволи другите да ја понижуваат и да има поддршка од партнерот.
„Кога станува збор за успехот, уживањето алкохолот или други работи кои им се препишуваат на мажите, жените на Балканот секогаш се дискриминирани. Ако уживате во алкохол не значи дека сте алкохоличар. Им порачувам на жените да уживаат бидејќи доаѓа времето на жени“ вели Брена за „Сцена“.
Таа смета дека сите треба да имаат поддршка од најблиските, пред се од семејството, кое треба да ви биде ветер во грбот како на професионален така и на приватен план.
Брена и Боба Живјониовиќ се во брак повеќе од 30 години, а и ден денес не можат еден без друг.
Пејачката истакна дека секој момент сака да го помине со Боба бидејќи знае дека покрај себе има маж на кој секогаш ќе биде тука кога ќе и треба.
„Јас имам таков маж покрај себе, некој кој ме сака, почитува цени. Некој кој ми дозволува да бидам своја. На сите девојки им посакувам да имаат маж кој ќе ги сака и подржува“ вели Брена.
Брена и Боба од заедничкот брак ги имаат децата Стефан и Виктор.