Радио Милева на личен план

Лепа Брена откри која е нејзината неостварена желба (фото)

Лепа Брена откри која е нејзината неостварена желба (фото)

Лепа Брена е остварена на секое поле и емотивно и професионално. Сепак, пејачката признава дека годината после нас била многу напорна, а во новата 2024 година би сакала да стане баба на мало девојче.

– Оваа година ми беше многу предизвикувачка и креативна, но и многу психички и физички напорна – истакнала пејачката на почетокот на разговорот.

Брена откри и што е тоа што сака во животот, што се уште не успеала да го постигне.

– Ние професионалните пејачи живееме како спортисти: треба да спиеме на време, да бидеме во добра форма, да не се прејадуваме за да можеме да носиме професионални костими, не смееме да бидеме злобни. Сакам да пијам чаша вино и да се дружам со пријатели кои имаат добра енергија. На личен план, би сакала да имам повеќе внуци. Некако најголема среќа кај сите нас е кога си играме со внуците. Па се надевам дека покрај машки ќе има и некое девојче.

Фото: Принтскрин/Instgaram/lepabrenaa

To top