Една од најголемите регионални музички ѕвезди Лепа Брена од почетокот на својата кариера е препознатлива по своите чести трансформаци и експериментирања со својот изглед.
Па така, често знае да се појави во разни модни комбинации и разни фризури, но со најновата трансформација пејачката се надмина себе си.
Имено, наместо руса коса Брена сега има долга црна коса. Меѓутоа, станува збор за перика, а со овој изглед фолк дивата ги изненади фановите.
На „Инстаграм“ таа објави фотографија, а во описот напиша:
„Во пресрет на промените“.
Некои од нив коментираа дека одлично и стои ваквата коса, но повеќето од следбениците ја споредија со Шер.
„Преубава, многу личите на Шер“, „Сега изгледате како Шер“, „Иста како Шер“, се само некои од коментирате.