Пејачката Лепа Брена секогаш отворено зборуваше за својот приватен живот , а сега за „Хит информер“ откри што и предвидела Баба Ванѓа и зошто се нервирала за помалиот син Виктор.
Пејачката ја посетила Баба Ванѓа која и предвидела за кого ќе се омажи и каква ќе биде нејзината кариера.
-Ме советуваа да преспијам на шеќер пред да одам кај неа. Ми беше чудно, но сепак го земав тој шеќер. Кога стигнавме кај неа, имаше многу луѓе кои чекаа. „Ти си Лепа Брена? Знаев дека ќе дојдеш кај мене, со тие зборови ме поздрави кога влегов во нејзината куќа. Ми кажа дека никогаш нема да престанам да пејам, дека тоа е моја судбина. Ми кажа дека ќе отворам куќа во која ќе работат многу пејачи и актери, и ми кажа дека ќе се омажам за наш човек кој носи бела униформа. Тогаш не сфатив дека тоа ќе биде Боба, иако бевме во врска. Ми прогнозираше дека ќе имам само машки деца. Ме праша дали сакам да ми прогнозира кога ќе починам. И реков дека не сакам, тоа ми е страшно, но ми кажа дека долго ќе живеам, вели Брена.
Во 1991 година, Брена се омажи со човекот во бела униформа. Пред гламурозната свадба, Боба ја запроси пејачката во Германија.
-Бевме во Минхен со моите родители. Знаев дека ќе ме побара, но го замолив тоа да биде на старомоден начин односно да ја побара раката од мојот татко. Боба имаше трема, испи пола коњак, а со другата половина замина до собата на татко ми. Кога ја побара мојата рака, татко само му кажа: „Деца, нека ви е со среќа“. Подоцна кога го прашав зошто не направил онака како што се договоривме, тој ми одговори: Ќерко, толку многу ја одвлекувавте вашата врска, па мислев дека никогаш нема да се омажиш. Боба е единствен маж за кој би се омажила и денес, вели пејачката.
Семејството Живојиновиќ во 1992 година стана побогата за уште еден нов член – синот Стефан.
-Боба ме поддржуваше за време на породувањето. Ме советуваше како да дишам и да ги намалам болките. Кога се роди Стефан, Боба ја пресече папочната врвка. Стефан беше крупно дете, а од докторите доби чиста 10ка. Не ни сонував дека детето е такво задоволство и дека толку ја исполнува жената.
Шест години подоцна, Брена и Боба го добијат синот Виктор кој денес води успешен бизнис. Виктор од мали нозе сакал да јаде, па до пред неколку години водеше борба со килограмите. Меѓутоа, најмладиот син успеа да ослабне 50 килограми.
-Јас и Боба често правевме вечери додека децата беа мали, па затоа Виктор дојде до 163 килограми. Многу страдав поради тоа. Ми беше толку тешко, па често плачев. Кога ќе го погледнев имав кнедла во грлото, а имаше само 20 години. Се плашев да не добие дијабетес, вели Брена и додава дека нејзиниот сопруг го мотивирал Виктор да се ослободи од вишокот на килограми.
-Не постоеше нутриционист кој можеше да влијае на Виктор, но меѓу него и татко му постоеше машки договор кој го почитуваа. Виктор е шампион на нашето семејство поради губење на килограми.
фото: принтскрин/лепа брена/принтскрин јутуб блиц.рс/нови.ба