Лепа Брена повеќе од месец ужива на одмор во Монако, а друштво и прави нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ.
Неодамна на одморот им се приклучи и нивниот син Виктор Живојиновиќ со неговата девојка Сандра, како и Александра Пријовиќ со синот и сопругот.
Како што извесно време шпекулираа медиумите, Брена и Боба во Монако планираат да купат јахта, а од ова езготична дестинација често ги честат фановите со нови фотографии.
Меѓутоа, семејството Живојиновиќ овојпат имаше убав повод за славење. Имено, Боба Живојиновиќ слави роденден.
Лепа Брена јавно му упати честитка на саканиот, а под објавата веднаш следеше коментар од Тијана Дапчевиќ.
„Среќен роденден Бобоо, да си здрав, среќен и секогаш насмеан“, напиша пејачката.