Радио Милева носталгија по минатото

Лепа Брена ја надвладеаја спомени: Вака се потсети на своите родители најголемата фолк ѕвезда на Балканот (ФОТО)

Лепа Брена ја надвладеаја спомени: Вака се потсети на своите родители најголемата фолк ѕвезда на Балканот (ФОТО)

Иако низ годините Лепа Брена постигна огромни успеси,  најголемата фолк ѕвезда на Балканот на своето скромно детство секогаш се навраќа и сеќава со тага. Потекнува од големо и хармонично семејство, а родителите иако сиромашни и биле исклучителна поддршка.

„ Се негуваше таа хиерархија  да се почитува таткото… Мама секогаш беше построга, често разговаравме, постојано ми велеше да бидам паметна и да не правам глупости. Ме научи да готвам, да правам зимница, да плетам, да шијам… Знаев дури и да кречам ѕидови и да  везам Вилерови гоблени. Денот ми почнуваше со мирис на кафе и појадок. Јас се дружев повеќе со момчињата. Игравме криенка, лимон и портокал, ја препливувавме Сава…“ – се  сеќава носталгично Брена.

Мајка и била задолжена за сите фустани што Брена ги носеше на настапите од 1982 до 1990 година.

„Мајка ми ми ги шиеше сите тие костими и секогаш правеше два – три исти за да го имам едниот сув за првиот концерт во 18 часот, а другиот за концертот во 20 часот. Бидејќи сите се сеќаваме како изгледаа  моите концерти и колку енергија оставав на сцената. Сите избледеа, се излижаа или се искинаа од потта, па останав без костими, но ги задржав спомените“ – носталгично изјави пејачката која многу тешко го поднесе заминувањето на своите родители.

Таткото на пејачката, Абид, во 2010 година доживеа сообраќајна несреќа, по што ја загуби животната битка, токму на роденденот на Брена. Само 4 години подоцна, на денот на семејната слава, почина и мајката на Брена, Ифета. Откако ги загуби најблиските, Брена ретко оди во Брчко бидејќи не може да се соочи со спомените. Го продала станот во кој живееле мајка и’ и татко и’, па недвижен имот веќе таму нема“ – вели извор близок на пејачката за „Блиц“.

Брена неодамна меѓу старите фотографии пронашла една со нејзиниот татко.

„Спомени. Во паузата помеѓу бројните концерти. Посета на моите родители во Брчко. Најголемата поддршка – татко ми Абид“ – напишала фолк дивата.

Фото: Инстаграм/lepabrenaa/estradnimuzickivremeplov

To top