Радио Милева се сретнале и во лифт

Лепа Брена и оваа светски позната пејачка се сосетки во Монте Карло

Лепа Брена и оваа светски позната пејачка се сосетки во Монте Карло

Српската фолк ѕвезда Лепа Брена која има стан во Монте Карло за сосетка ја има една од најпознатите светски пејачки.

Станува збор за кралицата на поп музиката – Мадона.

Имено, нивните станови се толку близу што балконите се еден спроти друг, па буквално може да „ѕиркаат“ во становите на една на друга.

Тие немаат стан во иста зграда, но балконите им се еден спротив друг, па така може да си гледаат преку прозорец.

фото: инстаграм/лепа брена

„Брена и Боба со години поседуваат стан во Монте Карло каде и моментално се наоѓаат. Кога започна пандемијата таму се преселија бидејќи поубави се деновите. Многу познати личности купија недвижности во Монте Карло, а последна е Мадона. Таа купи стан во зградата до Лепа Брена. Становите имаат иста квадратура и имаат ист распоред на просторите“, вели извор близок на Брена.

Maдона и кога немаше стан во Монте Карло често одеше таму на одмор, а во своите интервјуа велеше дека Монте Карло и е омилено место.

Лепа Брена пред шест години ја сретна Мадона на улица, а не ја препознала на прва.

фото: профимедиа/зума прес

„Ја сретнав Мадона во лифт и видов жена која ми личеше на неа. Беше со озбедувањето, имаше очила, жената тргна на трчање. Си реков: „Види ја оваа женска иста е како Мадона“ и на крајот сфатив дека е таа“, раскажа Брена во една прилика.

За потсетување, Брена и Боба во 2016 година го реновираа станот во Монте Карло, а за тоа издвојија 50 000евра.

To top