Лепа Брена ги запрепасти своите фанови со изгледот и стајлингот кога се појави на снимање на една емисија.
Во прв план беше лошата шминка на нејзиното лице, па нејзините следбеници и порачаа дека изгледа како „страшило“.
Брена на снимањето пристигнала со луксузен автомобил, средена од глава до пети, За оваа прилика таа носела црн долг фустан и имала средена фризура.
Меѓутоа, кога пристигнала во бекстејџ да дава изјави многумина биле шокирани. На светлината се гледале сите несовршености од нејзиното лице.
Фотогорафиите од снимањето почнаа да кружат по социјалните мрежи, а многумина биле разочарани.
Најмногу негативни коментари доби на Инстаграм и Твитер.
„Мене Лепа Брена ми изгледаше како страшило во синоќешното шоу на РТС. Грозно и е шминката. Шминкерот не ја погодил пудрата за нејзиното лице, изгледа суво, воопшто не е среден тенот. Жено, вложи во добар козметичар и третмани за лице“, е еден од коментарите.
Инаку, Лепа Брена ја прими вакцината против коронавирус и има антитела 18 000.