Едно ново истражување имало за цел да утврди како одредени секојдневни навики, како што е пиењето на омилените пијалоци, влијаат на формирањето на крвни згрутчувања.
Создавањето на тромбови во крвта може да биде опасно по живот, затоа мора да реагирате навреме доколку забележите некаква промена.
Така, научниците дошле до заклучок дека еден од најпопуларните пијалоци, поточно кафето, придонесува за формирање на венска тромбоза.
– Дехидратацијата влијае на компонентите на крвта, правејќи ја крвта густа и ‘полеплива’ – изјави васкуларниот хирург д-р Марк Вајтли.
– Крвта тече побавно низ вените отколку низ артериите. Затоа дехидратацијата ги зголемува шансите за формирање на згрутчување на крвта во вените – истакнува тој.
Професорот додава дека чајот, како и кафето, содржи кофеин, па затоа ја влошува дехидратацијата, а истиот ефект го има и алкохолот.
– Дехидратацијата значи дека телото губи повеќе вода отколку што внесува. Без доволно вода телото не може да функционира правилно – потсетува Вајтли.
Ова се некои од најчестите симптоми кои укажуваат на длабока венска тромбоза на нозете:
– Болка како прободување или грчеви во едната нога (ретко во двете), обично во потколеницата или бутот
– Оток на едната нога (ретко и двете)
– Топла кожа околу болното место
– Црвена или темна кожа околу болното место
– Отечени вени кои се тврди или болни на допир
Отечени вени кои се тврди или болни на допирОвие симптоми може да се појават и на раката или стомакот, во зависност од тоа каде се формира згрутчувањето на крвта. Ако забележите некој од овие симптоми, особено ако тие се придружени со болка во градите или отежнато дишење, веднаш повикајте брза помош.
Извор: Попара.мк