Кога станува збор за здравјето и убавината, постои нешто што често се повторува, а тоа е хидратацијата.

„Пијте повеќе вода“, е советот кој најчесто го слушате.

Ако се чувствувате дехидрирано, мора да пиете повеќе вода, ако имате главоболка, пијте повеќе вода, ако кожата ви изгледа суво, пијте повеќе вода. Меѓутоа, сепак треба да обрнете внимание кога и колку вода внесувате во организмот.

Нутриционистите и лекарите најчесто препорачуваат секој ден да пиеме по осум чаши вода, но некои експерти велат дека количината е под знак прашалник и дека зависи од личност до личност.

Водата е неопходна за метаболизмот и нормалните физиолошки функции. Истовремено, таа обезбедува внесување есенцијални материи, како што се калциум, магнезиум и флуор.

Помага да се исфрлат токсините од виталните органи, а ги носи хранливите материи до клетките, ја хидрира кожата, ја одржува нормалната телесна температура, како и притисокот.
Постојат ситуации кога всушност не треба да пиете вода, односно кога нејзиното внесување треба да го сведете на минимум.

Нефрологот Вадим Цветков откри во кои ситуации големата количина течности би навела повеќе штета отколку корист на организмот.

Експертот препорачува пред сè да обрнете внимание на бојата на вашата урина. Ако е светложолта и може да се опише како проѕирна, тогаш тоа укажува на доволно внесени течности во вашето тело. Односно, не мора да претерувате со внесување на осум и повеќе чаши вода во организмот.

Секако, ситуацијата во која не се препорачува претерување со пиење вода е и кога сте внеле доволно други течности во организмот – чаеви, сокови и слично. Како и кај дехидратацијата, вишокот влага во клетките ќе доведе до дисбаланс на електролитите.

Лекарот укажал и на грешката која многумина ја прават, а тоа е што пијат вода веднаш по јадењето. Во овој случај ќе дојде до подуеност и чувство на тежина во стомакот. Ефектот на забрзување на метаболизмот, а кој се врзува со внесот на вода, овојпат ќе изостане и ќе предизвика поголеми проблеми.
Уште една грешка што ја прават сите оние кои се физички активни е тоа што консумираат течност додека вежбаат.

Доктор Цветков вели дека во текот на интензивниот тренинг не треба да се пие многу вода. Поради тоа што телото губи важни соли и елементи, секако подобро е да консумирате специјални пијалаци за спортисти, а кои ги надополнуваат овие нутриенти.