За виенскиот професор Хедмаер Банкофлер, црешите се “природен лек од дрвото” – бидејќи помагаат против ревматизам.
Списокот на супстанци кои ги содржат црешите е навистина долг: витамин Ц за имунолошкиот систем, фолна киселина за срце и циркулаторниот систем, калциум за коските, и железо за крвта. Сепак, највредно од се е фактот што содржат многу растителни бои, односно антоцијаниди.
“Бидејќи темните цреши содржат повеќе боја, тие се и поздрави”, вели професорот.
Германскиот доктор Лудвиг Коч, кој самиот страдал од болки во коските, во педесеттите години од минатиот век започнал студија со пациенти кои страдале од реума и болка во коските. Оттогаш е докажано дека црешите го намалуваат нивото на уричната киселина и ги лекуваат воспаленијата.
Честото конзумирање на црешата ја спречува појавата на целулитот, тврдат научниците. Затоа, редовното користење на цреши влијае врз зачувување на правилната телесна линија. Црешата му помага на метаболизамот и влијае врз варењето на храната, па можеме да кажеме дека црешата е одличен природен баланс за гастро-интестиналниот систем.
Со помош на заштитните киселини и овошниот шеќер, црешите ја стимулираат работата на стомакот, цревата и панкреасот, а со тоа и варењето на храната е многу подобро.
Црешите исфрлаат вода и затоа ги активираат црниот дроб и бубрезите. Освен тоа, бактериолошките супстанци во црешите спречуваат создавање на забни наслаги и така можат да спречат појава на кариес и проблеми со непцата.
Дваесет цреши имаат 10 пати посилно дејство од аспирин!
Уште една добра вест е дека не го иритираат желудникот. Тие се богати со важни флавоноиди кои претставуваат најмоќни антиканцерогени материи.
Црешите ја намалуваат болката во зглобовите која често се јавува кај луѓето кои имаат проблем со артритис. Сепак, треба да знаете дека црешите не треба да ги јадете пред ручек затоа што можат да го забават излачувањето на сокови за варење, што особено го отежнува варењето на месото.
После црешите не треба да пиете вода, а особено не треба да пиете пиво или алкохолни пијалоци.
Ова вкусно овошје содржи целулоза, па поради тоа добро го регулира варењето на храната, а поради големата количина на вода и калиум го олеснува исфрлувањето на водата од организмот, ја стимулира работата на бубрезите, жолчката и црниот дроб. Помага и во одржување на здравјето на срцето и за превенција на ракот!
Црешата како природен лек:
Против бубрежни болести и уринарниот тракт: се препорачува чај од цреши. Грст цреши варете во еден литар вода две минути (од моментот кога водата ќе почне да врие),потоа оставете ги да одстојат, процедете ги и незасладено пијте повремено по неколку голтки во текот на денот.
За да ја отстраните физичката и ментална исцрпеност: три пати на ден јадете по 250 гр цреши.
Против камен во бубрег: неколку цреши прелијте ги со 200 гр вода или млеко и варете 1 до 2 минути, оставете ги покриени 5 минути, потоа процедете и пијте три пати на ден.
Против реума: осум дена секојдневно пијте сок од свежи цреши три пати на ден по една чаша.
Против срцева слабост: исчистете 25 гр цреши и ставете ги да отстојат во 80 g силна ракија 10 дена на умерена температура, а потоа пијте по 5 капки два пати дневно.