Ако додадете кафе во чоколадна ледена торта ќе добиете одличен вкус кој ќе го обожаваат дури и оние кои не го сакаат кафето.
Потребни состојки:
- 80 милилитри топло инстант кафе
- 2 лажици какао
- 1 лажица екстракт од ванила
-
350 г чоколадни струготини или сечкано чоколадо
300 г хопла - 1 лажица шеќер
- 1/8 лажичка сол
- 2 лажици ликер од кафе (по избор)
- купена кора
- шлаг и чоколадни струготини за украсување
Начин на подготовка:
- Во една чаша комбинирајте ги кафето, какаото и екстрактот од ванила и ставете ги настрана.
-
Стопете го чоколадото во тава на средна топлина или во микробранова печка за 30 секунди. Оставете да се олади.
Миксирајте ја хоплата, шеќерот и солта додека не добиете мека смеса. - Во стопеното чоколадо додадете ја смесата со кафе и ликер од кафе (по избор), а потоа и смесата со хоплата. Мешајте додека не се комбинираат.
- Ставете ја смесата врз купената кора, а потоа користете шпатула или нож за рамномерно распределување. Оставете 1 час во фрижидер, а потоа украсете со шлаг и чоколадни струготини.
иѕвор:кафепауза