Лебот со текот на годините стана синоним за дебелина, па затоа многумина кои сакаат да ја задржат витката линија го избегнуваат.
Но, експертите велат дека избегнувањето на лебот не е толку делотворно. Имено, тестенините можат повеќе да ја загрозат вашата линија, а во сендвичите повеќе дебелеат сосовите и прилозите отколку самото тесто. И додека лебот често е главниот виновник за вишокот килограми, во последно време се појавуваат сè повеќе научни докази кои го покажуваат токму спротивното.
Докторите предупредуваат дека со избегнувањето на лебот остануваме без важни нутритиенти како влакна, железо и калциум. Многу производи кои ја носат ознаката “без глутен” содржат голем број адитиви, заситени масти и шеќери, навела Ајела Спиро од Британската фондација за исхрана во своето обраќање на Конференцијата на диететичари и нутриционисти во Лондон. Таа додала и дека било спроведено истражување на универзитетот во Бристол кое покажало дека лебот произведува помалку надуеност во стомакот во споредба со тестенините.
Експертите напоменуваат дека е многу поважно што ставаме на лебот отколку колкава количина на леб внесуваме. Две парчиња леб содржат 190 калории и 2 грама масти, но доколку на лебот намачкате путер или маргарин речиси ќе ги удвоите калориите – тој оброк ќе содржи 334 калории и 16 грама масти.
Покрај тоа што содржи голем број влакна, железо и калциум, во едно парче леб се наоѓаат 20 до 30 проценти од препорачаната дневна препорачана доза на витамин Б1.
Затоа, не се откажувајте од лебот поради витката линија – доволно е само да го ограничите внесот на пецивата и да водите грижа за тоа кој намаз или какви прилози користите во комбинација со лебот.
извор: точка.мк