Живот и Стил

Лажно тирамису: Поекономично од оригиналот, а вкусот е чиста фантазија (видео)

Лажно тирамису: Поекономично од оригиналот, а вкусот е чиста фантазија (видео)

Тирамису е познат италијански десерт кој е популарен во целиот свет. Тој лесно се подготвува, а оригиналната верзија содржи маскарпоне и јајца додека за „лажното“ тирамису се потребни поевтини состојки, а колачот е подеднакво вкусен како и вистинскиот.

Познатото сирење заменете го со фил од ванила и подгответе фантастичен десерт кој ќе им се допадне на сите.

Потребни состојки:

– 70 гр. шеќер
– 40 гр. пченкарен скроб
– 2 жолчки
– 500 мл. млеко
– 8 гр. ванилин шеќер
– пишкоти
– малку кафе
– какао

Начин на подготовка:

1. Помешајте го шеќерот со скробот, па додајте ги жолчките и млекото.

2. Ставете ги состојките во сад на оган и варете додека смесата не се згусне, со постојано мешање.

3. Додајте го ванилиниот шеќер, добро промешајте и тргнете го садот од оган.

4. Пишкотите потопете ги во кафе, па наредете ги во калап кој ќе го обложите со проѕирна фолија.

5. Одозгора ставете го филот, па повторно наредете пишкоти и повторувајте ја постапката додека не ги потрошите состојките при што последниот ред треба да се пишкоти.

6. Прекријте со проѕирна фолија и оставете да се излади во фрижидер 3 до 4 часа.

7. На крајот посипете со какао во прав.

To top