Живот и Стил

Лажна гибаница со коприва и ориз: Сочен и раскошен фил, а совршена за постење (фото)

Лажна гибаница со коприва и ориз: Сочен и раскошен фил, а совршена за постење (фото)

Наш предлог за овој викенд е да направите одлична посна пита за појадок или ручек која одлично го спојува вкусот на зелје, компири, ориз и коприва. Воопшто не е комплицирана, се подготвува како гибаница и се пече за само 20 минути.

Состојки:

кори за пита
зелје
коприви
2 компири
1 чаша ориз
2 млади кромидчиња
1/2 кесичка прашок за пециво

Подготовка:

Ставете го оризот да се свари, а на половина од готвењето додадете ги компирите исечени на ситни коцки, како и младиот кромид. Зелјето и копривата обарете ги, па процедете и исечкајте ги. Додадете ги во тенџерето со ориз. Истурете малку вода и варете додека оризот не е подготвен. Не претерувајте со вода. Зачинете со сол, бибер и додадете уште некој зачин по желба, па посипете со прашок за пециво.

На дното од тавата ставете две кори, следната стуткајте ја и потопете ја во смесата со ориз. Наредете ги во плех додека не остане само една и покријте сè со неа. Се пече во загреана рерна на 180°C околу 20 минути.

Извор: Попара.мк

To top