Промотер

Лазар Милошески со спомените како посвета во „Кога тапанот ќе стивне“ (ВИДЕО)

Лазар Милошески со спомените како посвета во „Кога тапанот ќе стивне“ (ВИДЕО)

Охридскиот рок-музичар и поранешен вокалист на бендот „Барел роу“, Лазар Милошески ја започнува својата соло-кариера со синглот насловен „Кога тапанот ќе стивне“, посветен на неговиот прерано починат колега Стефан Голабоски, тапанар во бендот „Гримус“, во кој Милошески членувал своевремено.

„Оригинално песната е направена пред десетина години, но го чекав вистинскиот момент и вистинскиот аранжман за неа. Приказната околу песната е поврзана со мој поранешен колега, тапанар во бендот ’Гримус’ во кој членував и јас. Тој почина многу млад, на 26-годишна возраст, песната е посветена токму за него, оттука и насловот ’Кога тапанот ќе стивне’“, ќе изјавиМилошески во неодамнешно гостување во емисијата „Радио Корнер“ на Супер радио.

Лазар воедно е и комплетен автор на песната, потпишувајќи се на музиката, стиховите и на аранжманот, снимена е во студиото „Кречо саунд“, а ја отсвиреа колегите од „Барел роу“. Сето тоа го екранизираше стружанецот Раде Гогоски, а како изгледа и звучи ова соло-првенче на Лазар Милошески дознајте во продолжение.

To top