Живот и Стил

Лазања со спанаќ: Идеално јадење доколку ви се прави ручек без месо!

Лазања со спанаќ: Идеално јадење доколку ви се прави ручек без месо!

Ви треба:

– 1 пакување лазања
– 400 гр свеж или замрзнат спанаќ
– 250 гр крем сирење
– 200 гр рендано сирење

За сосот:

– 50 гр путер
– 2 лажици брашно
– 1/2 л млеко
– сол, бибер
– морско оревче

Подготовка:

Во растопениот путер пропржете го брашното и со жица сипете го топлото млеко додека не добиете мазна смеса. Кога ќе почне да врие, тргнете го од оган. Во врелиот сос измешајте го крем сирењето, зачинете и изрендајте го мускатното оревче. Во плех подмачкан со путер наредете ред лазањи, ред спанаќ, посипете со сол и бибер, па ставете ред бешамел сос и ред рендано сирење. Завршете го садот со слој лазања, бешамел и рендано сирење. Треба да има отприлика вкупно четири слоја. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.

To top