Eксклузивна премиера на песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) со која Македонија ќе биде претставена на претстојната „Детска Евровизија 2022“ се случи вчеравечер, 3-ти ноември во Дневник 2 на МРТ.
Песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) со која Лара, Јован и Ирина ќе ја претставуваат Македонија на Јуниорскиот Евросонг во Ереван по промоцијата во Дневник 2 на првиот програмски сервис на МРТ, веќе од 20:30 часот со видеозаписот стана достапна онлајн на официјалната Јутуб платформа на Junior Eurovision Song Contest.
Автор на песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) е маестро Симон Трпчески, музички продуцент е Дарко Димитров, а текстот е заедничко дело на Јован Трпчески и Лара Трпческа.
На евровизиската сцена на која годинава ќе се пее под мотото: „Завртeте ја магијата“, нашите мали претставници ќе застанат на 11-ти декември во Ереван, по победата која Малена ѝ ја донесе на Ерменија.
Ерменскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма.
Директен пренос ќе има и на програмите на Македонската Радио Телевизија.
Доколку се’ уште не сте ја слушнале и виделе видеото, проследете ја „My life ahead of me” (Животот е пред мене) во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):