Констипацијата е сериозна состојба која го попречува нормалното функционирање на нашето тело.
Статистиките велат дека секое десетто лице пати од проблеми со нередовно празнење на цревата. Едно од најдобрите решенија за констипација е овој лаксативен џем кој го осмислила Ветеранската болница во Квебек.
Пациентите кои имале проблеми со дигестијата во просек јаделе по 1 голема лажица џем на ден, што ја зголемило зачестеноста на празнењето на цревата и ја намалило потребата за лаксативи, во споредба со оние кои не ја консумирале ваквата смеса.
Потребни состојки:
– 150 гр. урми
– 150 гр. суви сливи
– 1,5 шолја вода
Начин на подготовка:
Исечкајте ги урмите и сувите сливи на парчиња. Ставете ги во зовриена вода и варете додека не се згусне мешавината. Од оваа количина би требало да се добијат околу 20 порции од 1 лажица. Овој џем е погоден за сите возрасти.
Може да се јаде самостојно, да се мачка на леб, да се додаде во јогурт или овесни снегулки…
Како делува лаксативниот џем?
Сувите сливи имаат хранлив и лаксативен ефект и со децении се припишуваат за таа цел. Богати се со влакна и сорбитол кој го дава лаксативниот ефект, а сливите го содржат дури 15 пати повеќе отколку кое било друго овошје.
Сорбитол е вид алкохолен шеќер кој можат да го консумираат и дијабетичари. Во цревата се преработува многу бавно и до дебелото црево стигнува најчесто половично преработен, поради што доведува до помека столица.
извор:точка.ком.мк
фото: shutterstock