Промотер

„Културно Уметнички Работници ја имаат „Звездана“ на нивната „6-ка“ (АУДИО)

„Културно Уметнички Работници ја имаат „Звездана“ на нивната „6-ка“ (АУДИО)

Групата „Културно уметнички работници“ постои од март 1999 година. Формирањето на овој состав е резултат на големото дружење во кафе-барот „Браво“ помеѓу членовите на групите „Тотално опуштање“, „No Name Nation“, „Бомбашки процес“, „Жолтица на бродот Баунти“ и „Рок агресори“. Имено, членовите на овие групи решија да се состават во една дива орда и со здружени сили да се борат за ширење на рок-културата.

„К.У.Р.“ има издадено 6 албуми, има одржано голем број самостојни концерти и има свирено на сите позначајни фестивали во Македонија и регионот. Меѓу најзначајните настапи се вбројуваат оние на „Егзит“ во 2008 година, „Аларма панк-џез“ фестивалот во Софија во 2009, „Гитаријадата“ во Зајечар 2005 година, „Пиволенд“ во Скопје 2008…

„Културно уметнички работници“ во саботата, на 27 јануари 2018, во МКЦ ја одржаа концертната промоција на својот шести студиски албум симбилично насловен „K.U.R. VI“,  кој ви го претставуваме со пилот синглот со наслов „Звездана“ кој можете да го слушнете во продолжение.

 

To top